Кина ги повика САД да престанат со „неоправданите напади“ врз ТикТок

Сподели со своите пријатели

Кина денеска ги повика САД да престанат со „неоправданите напади“ на апликацијата ТикТок, откако американската влада побара кинеската матична компанија да се огради од апликацијата или да се соочи со забрана за национална безбедност.

Loading...

Според Wall Street Journal, Белата куќа поставила ултиматум дека доколку ТикТок остане дел од кинеската група Byte Dance, апликацијата ќе биде забранета во САД.

ТикТок потврди за AFP дека американската влада препорачала компанијата да ја прекине сопственоста во ТикТок.

Вашингтон досега не обезбеди докази дека ТикТок ја загрозува националната безбедност на САД, изјави вчера портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

„САД треба да го запрат ширењето на лажни вести за прашањето за безбедноста на податоците, да ги запрат неоправданите напади (на ТикТок) и да обезбедат отворена трговска средина, еднаква, правична и без дискриминација кон странските компании“, додаде портпаролот.

Критичарите го обвинуваат ТикТок дека им овозможил на кинеските власти пристап до кориснички податоци од целиот свет, што раководството на ТикТок го негира.

Белата куќа веќе им забрани на федералните вработени да ја имаат апликацијата на нивните телефони, спроведувајќи закон ратификуван на почетокот на јануари.

Европската комисија и канадската влада неодамна донесоа слични одлуки за мобилните телефони на нивните вработени.

Loading...

ТикТок ги складира податоците на американските корисници на серверите лоцирани во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

Апликацијата признала дека вработените со седиште во Кина имаат пристап до тие податоци, но како што е наведено во многу ограничен опсег и дека кинеската влада нема пристап.