Ким Јонг Ун: „Нѐ чека навистина голема борба“

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата мора да биде подготвена за „многу голема борба“ следната година, за да продолжи да напредува во областите како што се одбраната, земјоделството и градежништвото, пренесе државната агенција КЦНА.

Loading...

Ким ова го изјави во средата на состанокот на централниот комитет на владејачката Работничка партија, пренесе Ројтерс.

Севернокорејскиот лидер рече дека додека земјата се соочува со економски тешкотии, партијата е успешна во напорите да ги исполни своите цели и да го спроведе петгодишниот економски план што го претстави претходно оваа година.

– Многу е охрабрувачки што се направени позитивни промени во сферата на политиката, економијата, културата и одбраната. Постигнат е голем успех во областа на земјоделството и градежништвото – изјавил Ким.

 

 

Остин: Акциите на Пјонгјанг се дестабилизирачки

Loading...

Развојот на оружјето на Северна Кореја станува се подестабилизирачки фактор за регионалната безбедност, изјави американскиот министер за одбрана за време на неговата посета на Сеул.

Соединетите Американски Држави го повикуваат Пјонгјанг на дијалог, рече Остин, додавајќи дека дипломатијата е најдобриот пристап, пренесе Ројтерс.

Остин и американскиот генерал Марк Мили, началникот на Здружениот генералштаб на САД, одржаа редовни годишни разговори со јужнокорејските власти за да разговараат за плановите за потенцијален конфликт со Северна Кореја.