Киев официјално отфрла преговори со Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја одобри одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за неможноста да се водат преговори со рускиот претседател Путин како одговор на одлуката на Кремљ за анексија на териториите на Украина.

Loading...

На самиот почеток на војната, Зеленски го покани Путин лично да се сретне, што рускиот претседател го одби.

Но, минатата недела, додека се пребројуваа гласовите на непризнаените референдуми на окупираните територии, Зеленски рече дека нема намера да преговара со Путин.

Сега таа одлука е официјализирана.

„Очигледно е невозможно да се преговара со актуелниот претседател на Русија. Тој не знае што е достоинство и чесност. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг руски претседател“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Украина очајно ѝ требаат противвоздушни системи

Одлуката на Киев беше донесена во исто време кога Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, ги потврди договорите за припојување на четири окупирани украински региони кон Русија.

По петдневните, меѓународно непризнаени референдуми во областите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои завршија на 27 септември, рускиот претседател Владимир Путин три дена подоцна ја потпиша одлуката за нивна анексија.

Договорите што Путин ги потпиша со проруските лидери од тие области, од кои ниту една не е целосно контролирана од руските сили, претходно беа ратификувани од рускиот Уставен суд, како и од руската Дума, Долниот дом на собранието.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.