Кенгур нокаутирал цело семејство

Сподели со своите пријатели

Агресивен кенгур нападнал семејство во Австралија, а три лица се повредени во овој несекојдневен инцидент.

Најтешки повреди претрпела жена која се обидела да се спротивстави на четвороножниот насилник. Линда Смит (64) добила повреда на белите дробови, сркшени ребра, исеченици и модринки откако се обидела да го одбрани својот сопруг Џими.

Тргнал во лов, па добил ќотек од кенгур

Loading...

Парот сакал да им помогне на кенгурите. Тие во близина на својот дом во Милмеран, град кај Брисбејн, хранеле кенгури, со оглед дека во тој дел на Австралија владее голема суша и не можат лесно да дојдат во храна.

Одеднаш голем кенгур, висок окоу два метри го нападнал господин Смит, а неговата сопруга дофатила метла и се обидела да го одбрани. Меѓутоа, животното ја зело метлата и ја нападнало.

Тогаш од куќата излегол и синот на Линда, кој се обидел своите родители да ги одбрани со лопата, но кенгуот и него го изудирал.

Австралиските медиуми јавуваат дека госпоѓа Смит е во болница и е во стабилна состојба.

НИНЏА КЕНГУР: Велосипедист нокаутиран во Австралија (видео)

Стевен Џонс од итната служба вели дека нејзиниот сопруг, би се здобил со потешки повреди, доколку таа не го бранела, како и дека кенгурот можеби би го претепал до смрт.

Кенгурот избегал од жртвите откако пристигнало возило на итна помош.

Според официјалните податоци, во Австралија има 48 милиони кенгури, но ретко напаѓаат луѓе.

Leave a Reply