Само дванаесет часа по породувањето, Кејт и Вилијам ја покажаа својата тукушто родена ќерка. Кејт се породи во приватната болница Св. Мери и замина дома, објавија британските медиуми.
Loading...
Војвотката од Кембриџ и Вилијам се уште не откриваат како се ќе вика новата принцеза и се` што се знае е дека засега, сите ќе ја ословуваат како ”Нејзино кралско величество принцеза (име) од Кембриџ”.
Штотуку роденото бебе е четврта наследничка на тронот. Прв наследник е нејзиниот дедо Чарлс, потоа нејзиниот татко Вилијам, братчето и таа како последна.