Казнети 16 возачи во Куманово поради брзо возење

Сподели со своите пријатели

Шеснаесет возачи вчера биле казнети на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (09.09) , полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се 16 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, велат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски