Катастрофален земјотрес во Турција: 195 загинати, стотици повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Loading...

Според првичните изјави на официјални лица во Турција и Сирија, бројот на загинатите е над 195 и се зголемува.

Најмалку 900 луѓе се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот се случил додека повеќето луѓе спиеле.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата, на околу 60 километри од сириската граница.

 

Loading...