Картонските кутии ги користиме често, но дали знаете како тие настанале?

Сподели со своите пријатели

Практични и неопходни при преселување, неретко омилена играчка за децата и домашните миленици. Развојниот пат на картонската кутија го креирале други откритија.

Loading...

Не постојат многу изуми кои така незабележливо се вклопиле во нашите секојдневни рутини, како што бил случајот со картонската кутија.

Како настанале обувките со високи потпетици? (ВИДЕО)

Поради практичноста која ја покажале за кратко време, ретко кој се прашува колкава е нивната употреблива вредност во однос на џаковите од пластика, на пример, а уште помалку е познато кој ги измислил.

Во 1 и 2 век пред новата ера, кинеската династија Хан била зафатена со преземањето на водството во употребата на хартијата. Во тој период, листовите од кора на дудинки биле користени за мотање и заштита на храната, што е пример на најраната цврста амбалажа за храна, произведена од дрво.

Како настанала гумата за џвакање?

Првиот пример на картонска кутија пристигнал во 19 век, со социјалната игра која ја смислиле Германците во 1817 година – „Игра на опсада“.

Во текот на 19 век претпријатијата започнале да користат картонски кутии со намена за складирање и транспорт на житарици, па дури и силиконски јајца против молци чии потрошувачи биле произведувачите на свила.

Loading...

Image by JustynaKoniecz from Pixabay

Меѓутоа, неопходен бил дополнителен заплет кој би довел до тоа кутиите да станат „кубни чуда“, какви што се денес. Во 1856 година произведувачите на шешири, Едвард Ален и Едвард Хели, употребиле двоен слој на цврста хартија со шупла средина за да добијат на стабилност и топли линии, а тоа бил вовед за создавање на картонски кутии.

Конечно, картонската кутија настанала, кога во 1879 година сопственик на фабрика за хатија од Бруклин, Роберт Геир сфатил дека рачно може да се искрои едната страна, а потоа сечењето на преостанатите еднакви картонски страници би го препуштил на печатарските преси, со што го елиминирал исцрпувачкото рачно кроење. Кога и споиле добиените рамни страници, се родила картонската кутија.

Ако некогаш сте се запрашале како ЗОЛВА, ЈАТРВА, СВЕКРВА го добиле името….

Готовиот производ, Геир го продавал на компании кои се занимаваат со различни потрошувачки средства, како нова, лесно пренослива форма на скадирачки материјал. Набргу следувала првата нарачка од 2 милиони картонски кутии, за империјата крекери, компанијата Набиско.

Грицките сега можеле да се пренесуваат без разлика дали ќе се скршат, далеку од кујнските ормари. Евтината и практична, ефикасна форма на пакување станала неопходна.

Зошто настанале автомобилските сирени?

Loading...

Во 1930 година владата на Финска дури ги усвоила кутиите како составен дел на пакетите кои добивале мајките кои не можеле да си дозволат колевки за своите новороденчиња. Многу бебиња своите први дремки во животот ги имале во кутии обложени со душеци, а ваквата примена на кутиите продолжила и трае и денес.

Leave a Reply