Карл Маркс конечно се врати дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голема статуа од Карл Маркс, еден од најпознатите и најплодни политички и социјални филозофи, подигната е во неговиот роден град Трир, во Јужна Германија.

Бронезната статуа, тешка три тони, подарок е од кинеските власти, а во Трир е подигната во предвечерието од 200-годишнината од раѓањето на основачот на комунизмот, која ќе биде одбележана на 5. мај.

– Карл Марск е најпознат син на Трир, рекол градскиот службеник Андреас Лудвиг.

Статуата, висока повеќе од пет метри, го покажува Маркс како држи книга во едната рака. Германскиот филозоф ги минал првите 17 години од животот во Трир, во близина на границата со Луксембруг.

Градскиот совет со големо мнозинство одлучи да го прифати подарокот од кинеските власти, со 42 гласови „за“ и само седум „против“.

Loading...

Leave a Reply