Карамбол на автопат поради диви свињи

Сподели со своите пријатели

Стадо диви свињи во понеделникот залутало на автопатот А9 кај германскиот град Хоф и предизвикало неколку сообраќајни несреќи, соопшти полицијата.

Loading...

Возачот кој со автомобил прв налетал на дивите свињи убил едно од животните на лице место, а капакот на автомобилот се подигнал, па возачот не видел ништо пред себе, па потоа удрил во бетонски столб до патот.

Потоа на мртвото животно наишол друг автомобил и во таа прилика и неговиот автомобил бил тешко оштетен.

Остатокот од стадото диви свињи се исплашил и животните успеале брзо да побегнат од таа страна на автопатот, но преминале во спротивна насока каде на нив налетал друг автомобил.

Вкупната материјална штета се проценува на околу 30.000 евра, а ниту еден возач не е повреден, објави Јутарњи лист.