Капсула со четворица астронаути тргна кон Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Капсулата Crew Dragon Endeavour со екипажот и ракетата Falcon 9 беа лансирани од вселенскиот центар на НАСА Кенеди во Флорида кон Меѓународната вселенска станица (МСС), каде четворица астронаути ќе поминат шест месеци.

Loading...

Ракетата со капсула со екипаж е изградена од приватната компанија Space X на Илон Маск.

Капсулата Драгон е опремена со 16 „Драко“ потиснувачи за маневрирање во орбитата, а има и неколку падобрани за слетување.

Шејн Кимброу и Меган Мекартхур од НАСА, Французинот Томас Песке од Европската вселенска агенција (ЕСА) и Акихико Хошида од Јапонската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (ЈАКСА) летаа со ракетата Спејс Х до МСС.

Нив ќе заменат четворица членови на мисијата Crew-1 што се враќаат на Земјата.

Ова е прво лансирање на НАСА преку комерцијална програма со двајца партнери меѓународни астронаути, и прв пат вселенското летало Crew Dragon се користи по втор пат, откако веќе се користеше во тест летови.

Ракетата Фалкон 9 се користи и по втор пат, откако беше употребена во мисијата Кру-1, односно ова е прв пат екипажот да полета со „рециклирана“ ракета и вселенско летало.

Спејс Екс, компанијата на Илон Маск, стана омилен носач на НАСА откако Боинг доцнеше со тестирање на својата вселенска капсула Старлинер.

Loading...

Првиот лет со екипажот на Спејс Екс во 2020 година стави крај на деветгодишната американска зависност од руски ракети Сојуз за транспорт до МСС.

Откако ќе пристигнат во МСС, астронаутите од мисијата Кру-2 ќе поминат многу време на научни истражувања во области како што се медицинска технологија, здравје на луѓето и материјали што би биле корисни за животот на Земјата.

МСС е опремен со инструменти за следење на климата на Земјата, промените во животната средина и природните катастрофи.

НАСА и Спејс Икс планираат најмалку две лансирања годишно, а компанијата на Илон Маск ќе стане, по Роскосмос, постојан партнер на американската вселенска агенција за испраќање товар и луѓе во орбитата.

 

Leave a Reply