Капсула на „Спејс екс“ пристигна на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Капсула за човечки екипаж, која ја изгради приватната компанија Спејс екс, успешно во недела пристигна на Меѓународната вселенс астаница, со што американската компанија направи уште еден чекор поблизу до лансирање луѓе во вселената.

Loading...

Се работи за последен во низа тестови кои капсулата Кру Дрегон мора да ги мине за да добие одобрение од НАСА за превезување луѓе.

Ракетата Фалкон 9 и вселенската капсула Спејс Екс Кру Дрегон лансирани се од вселенскиот центар на НАСА Кенеди во Флорида.

Тоа е прва комерцијално изградена американска ракета и летало, лансирани од американска територија.

Лансирањето е спроведено во соработка со НАСА која соработува со неколку американски компании за развој на летало со човечки екипаж.

Целтра на програмата е да се стави крај на зависноста на американската вселенска програма од Русија за летовите на Меѓународната вселенска станица.

Пробниот лет ќе потикне работа на ракетата Фалкон 9 и Спејс Екс Кру Дрегон, земјени системи и други операции, наведува НАСА.

Планирано е во јули Спејс Екс да превезе американски астронаути до Меѓународната вселенска станица.

Loading...

Спејс екс капсуата овој пат на станицата се превезла со пробна кукла во вселенско одело на Тесла.

https://www.facebook.com/ISS/videos/363403677721862/

Leave a Reply