Кандидатите на СДСМ со митинг во Ново Село (фото)

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ во втората изборна единица, вчеравечер се сретнаа со граѓаните од Ново Село каде претставија дел од своите мерки за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.

Мартин Захариев, кандидат за пратеник од Куманово истакна дека 600.000 луѓе се иселиле од државата, од кои над 200.000 млади лица.

Бадијала се фалат со отворање на нови работи места, фабрики, проекти. Бројките говорат друго имаме над 50 проценти младинска невработенист од кои половина од тие луѓе се на пат да заминат во странство за вадење парче леб. Сдсм има план за живот со него ќе ги оставиме граѓаните да живеат тука да создаваат и да творат. Нашата цел е да на младите да им дадеме гаранција секој млад човек ќе добие понуда за вработување по завршување на образованието. Секој млад човек ќе добие тренинг камп во период од 4 до 6 месеци по завршувањето на образованието – рече Захариев.

Максим Димитриевски вели дека веќе од јануари нема да има плати за образованието и пензиите, нагласувајќи ја состојбата со безбедносните сили на државата.

Замислете се прави во центар на Скопје камена и бетонска фаланга а војниците со години немаат задолжено нови војнички чижми за резервна униформа да не говорам. Ми вели една мајка една униформа имаш не вели и таа е уништена, дотраена. Создадоа полициска држава но не од полицајци од партиски луѓе, војници кои се осмелија да го тепаат народот – рече Димитриевски.

Тој го нагласи фактот дека Куманово е дури 7% од целата територија на Македонија, но за 11 години во Куманово не е инвестирано ншто.

Куманово не аплицирало за овој проект, за друг, а десетици проекти готови стојат во Министерство за транспорт и врски и не даваат никаква согласност. Не само што не даваат граѓанските пари на општината ги однесоа, ги дадоа на оснивачите на ВМРО по однос на некои судски пресуди што се водат уште од 80 години против државата, но факт беше дека сакаат да прикажат дека сдсм неуспешно ја води  оваа општина затоа што овие граѓани се одважиле да гласаат за СДСМ – рече Димитриевски.

Освен со граѓаните на Ново Село, кандидатите на СДСМ се сретнаа и со граѓаните во Љубодраг и Умин Дол.