Камион на кумановска фирма падна во Вардар, загина жител на Сопот

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а друго е повредено, откако камион на кумановска фирма паднал вчера во водите на реката Вардар, додека вршел ископ.

Loading...

– На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с.Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на р.Вардар, во атар на с.Црвени Брегови, паднало во реката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Никола Ивановски

Leave a Reply