Камала Харис и Јун Сук Јол ја осудуваат нуклеарната реторика на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осудија „ескалирачката нуклеарна реторика“ и тестовите на оружје на Северна Кореја за време на разговорите во Сеул, само неколку часа по ракетниот тест на Пјонгјанг.

Loading...

Камала Харис се сретна со Јун Сук Јун, по пристигнувањето во главниот град на Јужна Кореја од Јапонија утринава, во време на зголемени тензии во регионот поради лансирањето на ракетата од Северна Кореја и акцiите на Кина во Тајванскиот теснец, јавува Ројтерс.

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од нејзиниот источен брег во средата, формализирајќи го своето право да користи превентивни нуклеарни напади според новиот закон претходно овој месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?

Харис и Јун ја осудија „провокативната нуклеарна реторика и лансирањето балистички ракети“ на Пјонгјанг и ја потврдија нивната заедничка цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека „се разговарало за заеднички одговор на потенцијалните идни провокации, вклучително и трилатералната соработка со Јапонија“.

Страните, исто така, разговараа за промените на американската политика за субвенционирање на електрични возила, за кои Јужна Кореја стравува дека може да им наштети на нејзините производители на автомобили.

Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател „ја разбрал“ загриженоста на Сеул и дека двете страни ветиле дека ќе продолжат со разговорите.

Харис ја посети и демилитаризираната зона која ги дели Северна и Јужна Кореја и по тој повод најави дека до крајот на годината ќе ги посети Филипините, пренесува Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?

Демилитаризираната зона на границата на двете Кореи често се нарекува последен остаток од Студената војна и постои од Корејската војна од 1950 до 1953 година. заврши со примирје, а не со мировен договор, наведува британската агенција.

Потпретседателката на САД ја посети Јапонија пред Јужна Кореја, каде во вторникот ја предводеше американската претседателска делегација на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.

Додека беше во Јапонија, таа ги осуди, како што ги нарече, вознемирувачките акции на Кина во Пацификот и вети дека ќе ги продлабочи „неофицијалните врски“ со Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.