Какво време не очекува денеска?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста ќе биде позастапена во јужните и западните делови.

Попладне и во ноќните часови ќе има слаби врнежи од дожд, претежно во југозападните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 19 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

Leave a Reply