Какво време можеме да очекуваме во следните денови?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Засилен јужен ветер ќе дува и во среда, но условите за нестабилност тогаш ќе се намалени, додаваат од УХМР.

Leave a Reply