Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

Сподели со своите пријатели

Во утринските часови денеска ќе имаме променливо облачно време со локален дожд, претежно во северните делови.

Loading...

Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи

Минималната температура ќе се спушти меѓу 7 и 16, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Од сабота следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Leave a Reply