Какво ќе биде времето во Куманово до крајот на неделава?

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 18 степени.

Во текот на вечерта ќе настапи наоблачување кое во ноќните часови ќе донесе и услови за слаби врнежи од дожд.

Дожд се очекува и утре кога ќе има и позначителен пад на температурата. За десет степени ќе опадне дневниот максимум, кој ќе изнесува 8, а утринската ќе се спушти три степени под нулата во петок наутро.

Услови за повремен дожд ќе има и во петок, и недела. Во сабота ќе биде сончево до умерено облачно.

Стартот на следната работна недела ќе донесе повторно врнежи, но температурите ќе бидат двоцифрени.

Leave a Reply