Какво ќе биде времето оваа работна недела?

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со мала локална облачност, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени, велат од УХМР.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 13 степени, а во текот на ноќта истата ќе се спушти на нула степени целзиусови.

Извор: accuweather.com

Во текот на деновите што следуваат слично време се очекува се до четврток. Утре ќе биде најтопло неделава, со максимални 16 степени целзиусови и периоди на сонце и облаци. Слично време ќе има и во среда, но со четири степени пониска температура.

Четврток веќе носи наоблачување и услови за врнежи од дожд, пропратено и со поголем пад на температурата. Максимумот тој ден ќе достигне само шест степени.

Петок и сабота ќе имаме делумно сончево време, а веќе во недела вистинско пролетно време со 15 степени.

Loading...

Извор: accuweather.com

Никола Ивановски

Leave a Reply