Какво ќе биде времето оваа работна недела?

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, на повисоките планините од снег. Утрово на места има појава на магла и ниска облачност.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во попладневни часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Деталната прогноза за Европа која ја најавува пролетта во февруари

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Максималната температура во кумановско ќе се искачи до 6 степени целзиусови, а истата во текот на ноќта ќе се спушти околу нулата.

Претстојната недела ќе имаме претежно сончево до умерено облачно време, со услови за дожд, денеска, во среда и петок. Температурите претежно ќе се движат околу 9 степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply