Каква е излезноста до 17 часот во Куманово, Старо Нагоричане и Липково споредбено со првиот круг?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 17 часот во најголемата општина во државата, Куманово се бележи пад на излезноста, додека зголемена излезност споредбено со првиот изборен круг има во Липково и Старо Нагоричане.

Loading...

Во Куманово гласачкото право до 17 часот го искористиле 36,58 отсто од граѓаните или вкупно 31.577 лица, што мал пад на излезноста споредбено со првиот круг, кога до истиот период гласале 33,20 отсто.

Општина Старо Нагоричане бележи зголемена излезност. Таму во првиот круг излезноста била 33,31 отсто, додека денеска заклучно 17 часот гласале 40,40 отсто од граѓаните.

Поголема излезност се бележи и во Липково. Таму во првиот круг до 17 часот гласале 13,55 отсто од запишаните избирачи, а денеска во истиот период правото на глас го искористиле 19,94% од гласачите.

Leave a Reply