Каков е односот на таткото кон ќерката, а каков кон синот: Зошто татковците различно реагираат на девојчињата?

Сподели со своите пријатели

Татковците посветуваат поголемо внимание на ќерките отколку на синовите, покажува едно американско истражување. Тие дури зборуваат поинаку. Нивното однесување и мозокот се под влијание на полот на детето, се наведува во студијата.

Loading...

Во студијата учествувале 52 татковци на деца на возраст од една до две години. Истражувачите забележале како тие комуницирале со своите деца и земале магнетна резонанца на мозокот. Потоа откриле дека полот на детето има влијание врз тоа како ќе изгледа односот со таткото.

 

 

Време заедно

Татковците со ќерки повеќе пеат и танцуваат отколку со синовите. Тие поминуваат повеќе време со нив во некои „погруби“ игри како што се превртување, скокање или борење.

Одговорот на емоциите

Loading...

Татковците повеќе реагираат на среќните лица на своите ќерки и на неутралните изрази на лицето на нивните синови.

Татковците дури зборуваат поинаку со своите деца. Тие го користат јазикот на постигнување со своите синови, но повеќе зборуваат за своето тело и чувства со своите ќерки и користат аналитички јазик.

 

 

Внимание

Истражувањето открило дека татковците се поангажирани и повеќе реагираат на ќерките отколку на синовите. Тие исто така посветуваат поголемо внимание на своите ќерки и нивната тага, пишува Bright Side.

Во суштина, навидум малите детали и постапки можат да имаат огромно влијание врз идниот живот на детето. Психолозите велат дека татковците поставуваат големи очекувања за своите синови, додека со своите ќерки едноставно уживаат. Девојчињата се по љубезни и понежни, а врската помеѓу таткото и ќерката е многу важна за развојот на нејзината самодоверба и почит.

Loading...

 

Leave a Reply