Како живее озогласениот мафијашки бос? Мафијата Јакуза минува низ криза (видео)

Сподели со своите пријатели

Макото е припадник на познатата мафија, Јакуза. Некогаш животот во јапонското подземје бил плодоносен, меѓутоа, денес јакузите преживуваат тешки времиња. Макото се сложил екипата на „Раша Тудеј“ за него да сними документарен филм и генерално за животот на јапонската мафија.

Кога се помисли на Јакуза, обично пред очите ви се појавуваат фотографии од мрачни момчиња во црни одела и темни очила. Додека гангстерите на јапонската мафија често се прикажани како немилосрдни професионални убијци во филмовите, реалноста сепак е поинаква.

Како работи албанската мафија – императорот на светското подземје? (фото)

Loading...

Макото е тетовиран мафијаш јакуза и како вели „старомоден човек“. Признава дека се придружил на јакузите затоа што бил премногу мрзелив да работи вистинска работа. Криминалниот синдикат некогаш бил многу моќна организација. Толку бил „отворен“ криминалот, што на вратата на канцелариите имале знак.

Со оглед дека со закон за борба против крииналот усвоен во 1992 година во Јапонија, полицијата може да уапси членови на Јакуза, буквално за фрлање хартија на земја.

КГБ Кали, нарко картелот кој го наследи Ескобар: Снабдувале со дрога 90% од светот (фото+видео)

Макото во документарецот се жали дека не може да добие кредитна картичка, а ниту да изнајми стан. Да се биде полошо, кинеските банди ја заземале територијатана јакузите. Макото вели дека конфликтите помеѓу бандите се рашаваат на мирен начин, но ако преговорите пропаднат започнува одмазда.

 

 

Да се биде гангстер по такви тешки услови, данокот секогаш го зема семејството. Овој јапонски мафијаш се женел три пати, но разведен е и сам го одгледува својот син.

– Не би сакал мојот син да стане Јакуза, затоа што да се биде мафијаш во денешното општество е многу тешко. Кога ќе порасне, ќе му биде потешко, вели Макото.

Покрај синот, најмногу ги чува двете чинии, кои ги добил кога бил примен во кланот.

https://www.facebook.com/RTDocumentary/videos/1577244965665440/

КОИ СЕ ЈАКУЗА?

Јакуза или gokudō се припадници на јапонската криминална организација, традиционален синдикат на организиран криминал, исто така познати како насилнички групи. Името го добиле по популарната игра со карти ханафуда, односно најлошата комбинација која играчот може да ја извлече: 8 (ја), 9 (ку) и 3 (за) што во буквален превод значи безначајно, па во Јапонија ги нарекуваат и 893.

Брутално убави, а страшно опасни: Ова се кралиците на дрогата (видео)

Тие се најбројната криминална организација во светот. Се препознаваат по кратката коса, тетоважите по скоро целото тело (најпопуларни се ирезуми и хоримоно) и по недостатокот на малиот прст на раката што е ритуално отсекување кое се нарекува јубитсуме.

Имено, при првиот прекршок, сторителот мора да го исече врвот на малиот прст и да го предаде на својот надреден.

Loading...