Како Телеграм ја победи руската власт која го забрани?

Сподели со своите пријатели

Пред две години, сопственикот на „Телеграм“, Павел Дуров, одби да им дозволи на руските безбедносни служби пристап до шифрирани пораки за корисници во неговата популарна апликација за пораки „Телеграм“, тогаш омилена на опозицијата на Русија.

Loading...

Одговорот на владата беше или да се согласи на соработка или таа ќе биде избришана од дигиталната карта на земјата.

Ништо од тоа не се случи. Користејќи комбинација на лукава тактика за заобиколување на блокадата и зголемената популарност на Телеграм, 35-годишниот претприемач од руско потекло го понижи и го порази Роскомнадзор, федералната служба на Русија, за надзор во областа на комуникацијата, информатичката технологија и услугата за надзор на масовните комуникации.

И покрај забраната, Телеграм продолжи да работи толку добро што дури и државните агенции и владини претставници, вклучително и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, продолжија да го користат.

После двегодишна блокада што беше повеќе или помалку само на хартија, Русија се предаде на 18 јуни. Таа се откажаа од обидите да го блокираат Телеграм, за која тврдат дека има 400 милиони корисници ширум светот, а приближно 30 милиони активни корисници месечно во Русија.

Дуров и Телеграм честопати биле критикувани за нивната неможност да бидат следени. Апликацијата ја користеле и Исламската држава и поддржувачите на белата расистичка идеологија. Но, отпорот на Дуров во Русија може да стане модел за другите технолошки компании кои размислуваат да се спротивстават на владиниот притисок.

Програмата „Digital resistаnce“ на Телеграм, заедница на анонимни развивачи, создаде прокси-сервери ширум светот за да ја направат апликацијата достапна за руските корисници. Дуров ја повика заедницата да ги пренасочи своите напори кон Кина и Иран, кои исто така ја блокираа Телеграм и другите веб-страници, вклучително и Инстаграм и Фејсбук.

Во 2006 година, Дуров ја основа најуспешната руска социјална мрежа, слична на Фејсбук, ВКонтакте. И покрај тоа што стана приказна за успешен руски технолошки претприемач, Дуров набрзина наиде на пречки од Кремљ.

Loading...

Во 2011 година, владата побара да ги затвори страниците на ВКонтакте на опозициските политичари по парламентарните избори, кои подоцна Европскиот суд за човекови права ги оцени како нееднакви. Потоа на Твитер објави фотографија од куче со исплезен јазик, по што полицијата наскоро се појави пред неговата врата, но бидејќи тој не ја отворил, полицајците заминале по еден час.

И во 2012 година, за време на протестот против Путин, Дуров одби да ги затвори групите на страницата што се користеше за организирање на протестот. Дуров подоцна избега од Русија, а сега е државјанин на Кариби, островите Сент Китс и Невис.

Речиси половина од компанијата ВКонтакте, која ја основаше заедно со својот брат, беше продадена на сопственици блиски до Кремљ, што се случи кога Дуров веќе избега од Русија. Затоа е основана Телеграм во Берлин, и тој вети дека нема да ја продаде, и покрај наводните профитабилни понуди.

Телеграм продолжи да работи и по забраната, менувајќи ги своите IP-адреси, кои беа блокирани од Роскомнадзор во еден момент. Ова влијаеше на другите страници, вклучувајќи ги Твитер, Фејсбук и ВКонтакте, кои претрпеа краток прекин, па корисниците кои воопшто не користеа Телеграм дознаа за Телеграм и блокадата.

Мислењата за етиката на оваа тактика беа поделени. Дигиталните активисти го пофалија тоа, а компаниите кои беа блокирани заради неспособноста на Роскомнадзор ја обвинија Телеграм, а не руските власти, вели Андреј Солдатов, коавтор на книгата „Црвена мрежа: Борбата меѓу руските дигитални диктатори и нови интернет револуционери“.

Солдатов рече дека блокирачкиот механизам на Русија е „примитивен“ и дека истата тактика е малку веројатно да работи во Иран или Кина, кои имаат пософистицирана и рестриктивна цензура на интернет.

Leave a Reply