Како старите Грци со едноставен трик утврдиле дека Земјата има кружна форма?

Сподели со своите пријатели

Од некоја бизарна причина расте бројот на луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна плоча. Така еден возач на лимузина по име Мајк Хјуз, верувајќи дека фотографиите од вселената се лажирани, решил самиот да направи ракета која ќе се дигне доволно високо да се увери во тоа каква форма има нашата планета.

Сепак, тој морал да го одложи лансирањето, откако лансерот се распаднал.

Меѓутоа, тој и нему слични можат да се уверат во тоа дека Земјата е кружна на многу полесни начини.

На пример можеле да одат на пат околу светот или поедонставно, да набљудуваат бродови на морето кои пловат кон хоризонтот.

Помрачување на Сонцето – доказ дека Земјата е рамна плоча?! (видео)

Loading...

Можеле да споредат како изгледа ноќното небо на јужната, а како на северната хемисфера и да видат дека едни соѕвездија се гладаат на едната, а други на другата Земија полутопка.

Еден од првите документирани методи за утврдување на формата на Земјата го користеле Старите Грци.

Тие тоа го направиле со помош на два стапа поставени право истовремено на земјата. Едниот стап го ставиле на тлото на едно место, а другиот на 800 километри подалеку.

Потоа ги споредиле сенките кои стаповите ги фрлаат, пишува „Дејли мејл“.

Ако Земјата е рамна, сенките би биле исти, затоа што сенките би биле позиционирани под ист агол во однос на Сонцето.

НА ЗЕМЈАТА НАСКОРО ЌЕ ЖИВЕАТ ДВА ВИДА ЛУЃЕ: Надлуѓе и бескорисни

Меѓутоа, старите Грци откриле дека сенките се разликуваат затоа што Земјата е заболена, па и аглите на сенките биле поинакви.

Инаку, разликата во степени на аглите помогнала на Ератостен прилично прецизно да го пресмета обемот на Земјата.