Како се рециклираат фрижидерите?

Сподели со своите пријатели

Еден фрлен фрижидер има еднакво штетно влијание врз озонската обвивка како издувни гасови на еден автомобил од една година. На овој податок би требало да се сетиме кога фрижидерот ќе го отслужи своето и размислуваме што понатаму со него.

Колку пати до сега сте виделе фрлен дотраен шпорет, фрижидер или некој друг елемент на бела техника покрај патот, во некое зафрлено место, неретко и во река?

Знаете ли колку со тоа ја загадуваме животната средина? Да кажеме, еден фрижидер има еднакво штетно влијание на озонската обвивка како издувни гасови од еден автомобил за година дена.

10 работи кои треба да ги чувате во фрижидерот, а не се храна

Loading...

На кои материјали се разлага фрижидерот кога пристигнува во рециклажниот центар?

Со рециклажа на фрижидерот се добива пластика, железо, обоени метали – алуминиум и бакар, пур пена (изолациски материјал) и фреон. Во него може да има и стакло, гума, сијалици, кабли.

Која опасна материја ја содржи фрижидерот па по употребата ја нарекуваме опасен отпад?

Гасот фреон, кој создава ефект на стаклена градина, многу е опасен врз животната средина затоа што трајно ја оштетува озонската обвивка. Затоа е важно со правилна рециклажа да се издвои фреонот, не само за инсталација на разладениот уред, туку и од изолацискиот материјал. За тој процес неопходна е голема технологија, која овозможува преведување на фреон од гасовита во течна состојба и потоа неговото склопување во одредени наменски садови. освен за неговото складирање, таквите садови се користат и за безбеден транспорт на трајно згрижување.

Зошто не треба да ги чувата јајцата на вратата од фрижидерот?

Каде се транспортира тој опасен гас?

Фреон се транспортира во посројбата за трајно згрижување на фреонот во Германија каде се врши процесот за третман при што од овој гас се добиваат нови хемикалии кои можат повторно да се стават во употреба. Со тоа се затвора циклусот односно од отпадот се добиваат нови производи кои имаат можност за употреба на начин безбеден за животната средина.

Leave a Reply