Како Путин реагирал на налогот за негово апсење?

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин ја нарече „отворено непријателски потег“, нагласувајќи дека Кремљ е „мирен и не го зема при срце“.

Loading...

„Гледаме премногу отворено непријателски потези против нашата земја и нашиот претседател. Се разбира, следиме сè, но ако ги земеме при срце, ништо добро нема да се случи. Затоа го третираме ова со мир, внимателно следиме сè и да продолжиме со нашата работа. Најважно е претседателот да продолжи со својата работа“, рече Песков на прашањето како Путин реагираше на одлуката на МКС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Да потсетиме, во петокот Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, поради наводни воени злосторства.

Тоа во моментов не треба многу да го загрижува Путин, имајќи предвид дека МКС нема овластување да апси осомничени и може да врши јурисдикција само во земјите што го потпишале договорот со кој е основан судот, познат како Римски статут – а Русија не е потписник на тој договор.

Сепак, МКС се потпира на државите ширум светот за да помогнат во апсењето и префрлањето на осомничените во Хаг.

Овој налог го направи Путин меѓународно баран човек и ќе го отежне неговото патување бидејќи тој мора да избегнува која било земја што го потпишала договорот за МКС, бидејќи секоја земја потписничка е должна да го уапси секој што ќе биде обвинет од судот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Според веб-страницата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, 123 држави се потписнички на Римскиот статут на МКС.