Како полесно да се вратите на работа по празниците?

Сподели со своите пријатели

По неколку недели планирање радосни настнаи за празниците, не е ни чудо што поголемиот дел од луѓето чувствуваат некој вид тага кога повторно ќе се соочат со секојдневната рутина. Чувството на одвоеност од семејството и пријателите, како и монотонијата на работното место чинат голем број луѓе да паднат во депресивна состојба кога ќе поминат празниците.

Меѓутоа, има решение. Празничниот период може да биде одлична можност да внесете некоја новина во својот живот и да го направите интересен.

Еве што можете да направите за да се чувствувате подобро.

Еден од најдобрите начини да ја победите анскиозноста врзана за враќањето на работа е однапред да ја организиране наредната недела. А на работа, наместо во целина, фокусирајте се на деталите и завршувајте ги задачите една по една. На тој начин, работното време ќе ви мине полесно затоа што ќе имате впечаток дека ќе помине брзо.

Јадете зеленчук

Иако многу научници сметаат дека не постои детокс диета затоа што нашите бубрези и бели дробови веќе добро ја вршат оваа работа, сосема е сигурно дека балансиранат аисхрана може да ви помогне да се чувствувате подобро и физички и психички. Особено крисни се омега-3 масните киселини и фолната киселија чиј недостаток се поврзува со депресија. Затоа јадете, семе од лен и спанаќ.

Испробајте нешто ново

Празниците се најдобар период да испробате нови работи и да продолжите да ги практикувате кога ќе завршат. Кога себеси ќе си поставиме некој предизвик, доаѓа до хемиски промени во мозокот, односно до зголемено ниво на допамин, хормон за среќа, затоа што новите работи ги поврзуваме со задоволство, уживање и учење.

Испланирајте забавни активности по работниот ден

Не мора да чекате викенд или одмор за да подобро се забавувате. Договорете се да се видите со некого по работа или испланирате некоја забавна активност во која ќе учествувате самите. Исполнете го роковникот или планерот со интересни работи со кои однапред ќе се радувате, ако знаете дека ве чека квалитетно минато реме, полесно ќе го пребродите работниот ден.

Пишувајте

Запишете како се чувствувате за време на празниците, што Нова година и Божиќ претставуваат за вас, како и за негативните емоции кои се јавиле по враќњето во вообичаениот начин на живеење.