Како оризот никогаш да не ви биде тврд и леплив?

Сподели со своите пријатели

Совршениот ориз е лесен, растресит и мек, но знае да се случи и по варењето да испадне тврд и леплив, а таков баш и не е вкусен. Кај варењето постои правило дека на една шолја ориз се ставаат две шолјди вода. Две шолји ориз е порција која е доволна за двајца, а четири за четворица.

Пред варењето, задолжително измијте го оризот затоа што тој може да биде многу валкан, а благодарение на мал трик, повеќе никогаш нема да имате проблеми со неговата подготовка. Секогаш ќе излезе совршено.

 

Loading...

 

Подготовка:

Првиот чекор до совршен ориз е пржење на масло. Загрејте го маслото и додадете ориз па препржете додека не добие жолтеникава боја. Потоа сипете вода и посолете. Откако оризот ќе зоврие, поклопете го тенџерето и намалете ја температурата на варење. Варете околу 25 минути додека сосема не омекне.

Маслото на кое сте го пржеле оризот, спречува лепење на зрната, а по желба во водата за варење можете да ставите неколку капни лимон за да оризот остане бел. Освен тоа, оризот может еда го подготвите така што во врела и посолена вода ќе доадете измиен ориз и ќе варите додека не зоврие. Потоа намалете ја температурата и варете од 15 до 20 минути. На крајот во оризот додадете малку масло за да зрната не се залепат.

Leave a Reply