Како настанале обувките со високи потпетици? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во 15 век коњот бил главно превозно средство, а јавачите секојдневно минувале големи далечини. За да нозете не им лизгаат од ременот закачен на седлото, биле измислени високите потпетици. Така настанел и обувки со потпетица од три сантиметри, кои се нарекувале и „јавачка пета“. Наликувале на денешните каубојски чизми.

Loading...

Во текот на првите три децении од 15 век, оваа пета ја менувала формата и многу пати била повторно стилизираната, губејќи ја полека практичната улога. Со време обувките со висока потпетица станале секојдневна обувка, но само на дворците. Кон крајот на 16 век, машките обувки имале потпетици од 6 до 9 сантиметри.

Моден императив на францускиот двор

Катарина, сопругата на грофот Орлеан, во 1533 година од својот чевлар побарала да и направи обувки со потпетица, кои ќе бидат убави, но кои истовремено ќе ја направат да изгледа повисоко, затоа што била многу ниска. Чевларот и направил дрвени обувки со платформа.

Наскоро обувките со потпетици станале моден императив на француската аристократија. А многу бргу овој тренд бил пренесен и надвор од Франција. Високите потпетици биле се побарани и станале симбол на богатство и престиж во текот на 17 и 18 век.

По Француската револуција, од протестите поради класни разлики, високите потпетици паднале во заборав и во мода повторно влегле рамните обувки. Така било се до средината на 19 век, кога се враќаат високите петици, претежно кај припадничките на понежниот пол.

Во текот на 60те и 70те години од минатиот век, рамните обуки повторно ја повеле битката, но во доцните осумдесетти со доаѓањето на диско ерата, обувките со потпетици се враќаат на големи врати, за што особено допринесуваат тогашните топ модели кои на ревиите носеле високи потпетици и во нив се фотографирале за насловните страни на водечки модни списанија.

Високите потпетици и ден денес се обилени обувки на жените.

Loading...

Leave a Reply