Како настанала песната „Ѓурѓевдан“ која е безвременски хит на ју-просторот?

Сподели со своите пријатели

Познатата песна „Ѓурѓевдан“ настанала во „возот на смртта“ која патувал од Сараево за Јасеновац, сведочи босанскиот професор и историчар на уметност, Жарко Видовиќ за Аваз.ба.

Според неговите зборови, на патот кон казамат, на 6 мај 1942 година затвореници во вагони без храна и вода, започнале да паѓаат во криза поради страв и неизвесност. Во опшиот хаос, еден од нив, за кој се тврди дека бил член на сараевска „Слога“ од гордос, прв запеал:

„Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je!“

Поради оваа песна, затворениците останале без воздух збуткани едни до други затоа што биле затворени целосно вагоните. Од 3.000 луѓе, колку тргнале од Сараево во Јасеновац пристигнале 2.000, за да на крајот само 200 од нив ја преживеат воената тортура.

Подоцна песната ја надоградил Горан Бреговиќ, а истата стана неофицијална химна на Ромите, најпозната е по изведбите на бендот „Бјело Дугме“, а водено и безвременски хит на сите поранешни југословенски простори.

 

Loading...