Како настанала гумата за џвакање?

Сподели со своите пријатели

Бројни историчари тврдат дека овој вид слатки во некој облик настанале пред повеќе илјади години. Луѓето ги користеле поради ужвање, лековити својства или борба против глад, жед и лош здив, а за тоа сведочат бројни деокументи.

Loading...

Така на пример, старите Грци уживале во џвакање смола од стебло на цреша, Астеките во чикла (млечна смола од зимзелено дрво саподила) кои и денес се користат во изработката на гуми за џвакање и други производи, додека разни други цивилизации користеле супстанци направени од различни видови растенија и смола.

Што навистина се случува кога ќе голтнете гума за џвакање?

Меѓутоа, човекот кој прв ја патентирал гумата за џвакање бил Вилијам Финли Семпл во 1869 година, иако таа никогаш не стигнала на пазарот, па од таа причина за татко на овој кондиторски производ се смета Волтер Димер, кој во 20те години од минатиот век создал формула за гума за џвакање која не била толку леплива како што тоа е случајот со оние до тогаш.

Како се произведуваат гумите за џвакање? (видео)

Исто така, пред него во тој бизнис, во доцните 1840ти се испробал и Џон Кертис, кој направил прв комерцијален облик на гума за џвакање од смола на дрвото оморика, па дури и фабрика за производство на тој производ. Во тоа немал многу успех затоа што гумите за џвакање немале пријатен вкус и бргу станувале тврди.

Подоцна Томас Адамс произвел тути-фрути, првата гума за џвакање која се продавала во автомати поставени на станици од метрото во Њујорк. Починал во 1905 година, оставајќи зад себе производ кој го одбележува американскиот пазар.

Ѕидот со милиони гуми за џвакање замина во историјата (видео)

Loading...

Година дена по неговата смрт, се појавува изумот на Франк Флер, т.е. гума за џвакање од која може да се прават балони. Но, дури по завршување на Втората светска војна, започнале подготовките за производство на гума за џвакање во разни форми, бои и вкусови, со или без шеќер.

Leave a Reply