Како можете сами да проверите дали сте дехидрирани? Д-р Рајан ги открива сите детали (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Д-р Каран Рајан, лекар од NHS, објасни како можете брзо да проверите дали сте дехидрирани. Исто како и многу други негови објави и оваа стана вирална, па затоа многумина после гледање на видеото веднаш посегнаа по чаша вода.

Loading...

Тој беше охрабрен да го стори тоа од страна на TikToker @ remus.bujor кој сними видео на кое се гледа како го стиска зглобот, а потоа покажа како кожата не се движи после тоа.

– За да видите колку сте дехидрирани, мора да го претиснете прстот тука и тој треба да се врати надолу ако не сте дехидрирани. Ако го претиснете и кожата остане вака, вие сте дехидрирани – објаснува тој.

Во коментар, д-р Каран Рајан истакна дека не е сигурен дали методот на тиктокерот е целосно точен, но рече дека „принципот што се користи во овој тест е всушност точен“.

 

 

Тој рече дека најдоброто место за тестирање е со штипкање на кожата на задниот дел од раката. Објаснувајќи го ова подетално во сопственото видео.

Loading...

– Ова е познато како тест за хидрираност на кожата. Колку повеќе сте хидрирани, толку и еластична ќе биде вашата кожа. Ако сте дехидрирани, кожата ја губи еластичноста и и треба некое време да се врати во нормала – објасни тој.

Неговото видео е прегледано четири милиони пати за само неколку дена.

Видеото е исполнето со коментари: “Дали е тоа вистина? Баба ми ми го кажа тоа пред многу години и мислев дека тоа се само приказни на баба”.

„Мојата кожа стоеше така пет минути, веројатно треба да пијам малку вода“.

 

Leave a Reply