Како ќе изгледаше Октомвриската револуција доколку Ленин имаше Твитер? (видео)

Сподели со своите пријатели

Руската телевизиска мрежа РТ на социјалната мрежа Твитер започна проект под хаштагот #1917LIVE, кој носи обилни информации за Октомвриската социјалистичка револуција во Русија 1917 година.

Loading...

проектот е започнат по повод одбележување 100 години од тој значаен истористи настан и прикажува како би изгледала револуцијата ако тогаш постоел Твитер.

Свои профили на таа социјална мрежа имаат сите актери на револуционерните настани Владими Илич Ленин, Лав Тоцки, членови на семејството Романов, како и значајни политички личности и владетели од тој период.

Покрај толкав број на текстуални инфомации, на профилите и во дискусиите на актерите може да се најдат и голем број автентични фотографии и видео записи.

Улога на медиуми во тоа време играат „Рашн Телеграф“ (Russian Telegraph), измислен РТ од 1917 година.