25.04.2015 20:04

Како изгледаше стравичниот земјотрес во Непал (видео)


Стравичниот црн биланс од земјотресот кој го погоди Непал рано изутрина, засега се искачи на повеќе од 1200 загинати лица. Земјотресот со голема разорна моќ од 7,2 степени по Меркалиевата скала,  уништи цели згради, куќи, патишта, а некои села се избришани од географската карта, јавува Ројтерс.

loading...

Од тој број, 634 лица се водат како загинати во долината Катманду, додека преку 300 се водат за исчезнати во главниот град.

Епицентарот на ударот се наоѓал во Непал, додека голем број на жртви има и во Индија и Бангладеш. Како што соопштува Танјуг, САД во меѓувреме најавиле помош за настраданите во висина од еден милион долари.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments