Како изгледа животот на еден обичен жител на Москва? (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број туристи на спомен на Москва, први се сеќаваат на Црвениот плоштад и Кремљ, стариот Арбат и познатите метро станици кои со импозантни лустери одаваат впечаток дека сте кај некого на гости.

Меѓутоа, се поголем е бројот на патници кои сакаат да ја запознаат „вистинска“ Москва и нејзините жители, односно автентичниот живот на московчани, од утро до вечер.

 

Loading...

 

Голем дел од 12-те милиони жители на Москва имаат идентична дневна рутина за време на работниот ден.

Појадуваат дома, потоа следува работата, училиште или факултет, а попладне, по големиот сообраќаен метеж, или се со семејството „во четири ѕида“ или на некој пијалок во градот.

 

 

Типичниот појадок за жителите на Москва се колбаси со препечен тост и сирење/кашкавал.

Сообраќајот е голема маана на сите светски метрополи, па и на Москва. Нормално е да ви треба околу еден час до работата каде и да се наоѓате и со што и да патувате.

 

Loading...

 

Познатото московско метро, накитено со лустери и слики од минатото, вечно е преполн со луѓе кои некаде брзаат. Постојат станици, во помал број, кои се напѓаат далеку од населбите па за московчаните од тие подрачје е уште потешко да се патува.

 

 

Во најстрогиот дел од градот се наоѓаат ресторани и хотели.

Децата одат на училиште од септември до мај, а наставата им трае од 8 до 14:30 часот.

https://youtu.be/sa7HCBfwkL8

Типична мини екскурзија за средношколците е посета на музеи и галерии.

На улиците, особено подалеку од центарот на градот, може да се видат разни премрзнати продавачи кои продаваат се и сешто.

Типичен ручек за московчани е ќофте од свинско, говедско или пилешко месо, со помфрит секако.

Се повеќе граѓани сакаат да имаат еден оброк во текот на денот на штандовите за брза храна како што е Теремок, на кој можат да купат и палачинки.

https://youtu.be/bJDxwUuYphQ

Компотот е како и секоја посластица со овошје, мног посакувана на менито кај московчани. Најчесто купуваат компоти со јаболко и јагоди.

По успешната борба со метежот на улиците, московчани најчесто одат во трговски центри во шопинг.

Многумина во текот на зимата слободните моменти ги користат за лизгање во парковите.

Фудбалот во москва, како и хокејот, е најпопуларен спорт. Стадионите обично се пополнети до последното место.

 

Loading...

 

Вообичаената вечера е говедско исечено на парчиња со компир.

 

 

Не постои начин московчаните да го завршат денот од пијалот со пријателите. Во чашите обично е наточена вотка.

 

 

Loading...

Погледнете го и видео прилогот за 15. работи за Москва кои можеби не сте ги знаеле.

Leave a Reply