Како изгледа Божиќ во светот на проститутките?

Сподели со своите пријатели

Жена која веќе со години се занимава со проституција и така заработува за живот и го издржува своето семејство, под псевдонимот Натали Џонс, објавила дирлива, иако нималку патетична приказна за тоа што за неа значи Божиќ.

Поголемиот дел од луѓето се прашуваат како сиромашните семејства преживуваат за празниците, што е со бездомниците, старите и немоќните, младите и старите во домови кои немаат блиски луѓе да им дојдат во посета и да се насмејат со нив, но ретко кој се прашува што е со жените во секс – индустријата.

Како што напишала Џонс за „Индепендент“, нејзиниот стан во Лондон во кој и работи, во ова време изгледа како и стие други станови, односно украсен е во божиќен дух. Меѓутоа, таа нема празници, не може да си дозволи „годишен одмор“, а да биде уште полошо, во оваа време луѓето не се питоми и полни со љубов со каква што се претставуваат.

Нејзината приказна ќе ви ја пренесеме во целост:

Бадник и Нова година ми донесуваат многу муштерии, но овој период знае да донесе и многу проблеми од вообичаено. Голема е разликата измеѓу новите муштерии и оние кои ми се верни целата година.

Работам како проститутка во својот стан во Лондон веќе пет години, а во последните две работам самостојно, со помош на пријателка која ми служи за сигурност.

Работам и за божиќните празници. Како и сите други, го украсувам станот со новогодишни украси, лампиони, елка и подароци. Изгледа како и било кој друг стан во кој би можеле да живеете.

За празниците, Бадник ми е најпрометниот кога многу доаѓаат пијани по забавите и многумина одбивам. Сепак, од друга страна доаѓаат и постојани клиени, прекрасни и великодушни луѓе кои дури ми донасаат и подароци. Од муштериите добивам многу подароци, а и соседите ми испраќаат честитки иако знаат со што се занимавам. Можеби тоа ви е чудно, но во добри сме односи.

На Божиќ не работам затоа што тогаш сите сакаат ден одмор, каква и да е работа во прашање. Среќна сум што многу жени тоа можат да си го дозволат. Затоа работам и на Стара и на Нова година и тогаш е страшно голем метеж. Меѓутоа, оваа година нема да работам во полноќ на Старата година и генерално нема да примам мажи доцна навечер затоа што едноставно не е вредно проблеми.

Бидејќи поминуваат празниците, остатокот од јануари е здодевен. По Божиќ неколку недели е мирно, затоа што луѓето се опоравуваат од алкохол и храна, а и се истрошат финансиски. Затоа и оние кои дојдат, сакаат да потрошат минимално. За мене тоа е тежок период, затоа што многу малку заработам.

Меѓутоа, најмногу ме грижат полициските рации за парзниците. Пред неколку години имаше рација во Сохоу за Божиќ и таму беа и некои мои пријатели. Мораа да стојат на грозната зима во долна облека додека полицијата ги фотографираше и ги одземаше парите од жените како доказ дека се жртви на трговија со луѓе, а никој од нив не беше.

Становите беа запечатени три месеци, вклучувајќи го и периодот околу Божиќ, кога познаниците се обидуваа да работат прекувремено. Затоа мораа да заработуваат пари на друг начин, поголемито дел од нив работеа на опасни места, улици и недујеќи се на улиците.

Многу од нас имаат деца или некои други личности кои зависат од нас на било кој начин, блиски луѓе со кои сакаме да ги споделиме празниците. Работата преку зима е тешка и без страв дека парите кои сме ги заработиле за семејството ќе мора да ги дадеме на полицијата, која наводно би требала да ни помогне.