Како да се откажете од цигарите без да се здебелите?

Сподели со своите пријатели

Точно е дека од како ќе ги откажете цигарите, во првите шест месеци може да покачите некој килограм повеќе. Но, со мала дисциплина во исхраната може многу лесно да го контролирате сето ова.

Нутриционистите даваат неколку препораки за да ги надминете кризите кои се поголеми првите шест месеци. Еве неколку препораки како да ја заситите гладта:

Јадете свежо овошје и зеленчук. Но, внимавајте со количината на овошјето, бидејќи телото неможе да потроши толку голема количина на шеќери, па остатокот ќе се наталожи. Бидејќи кога ги оставаме цигарите се зголемува желбата за грицкање се препорачува да јадете моркови и друг свеж зеленчук.

  • Јадете супи и чорби од зеленчук, немасно месо како риба и пилешко

  • Пијте многу чаеви

  • Јадете тестенини, интегрален ориз, интегрален леб

  • Од алкохол се препорачува само една чаша црвено вино, затоа што алкохолот ја зголемува желбата за никотин.

  • Исфрлете ги слатките, секакви видови на теста во кои има бело брашно, бел ориз, газирани пијалоци, сувомеснати, путер, маргарин, сирење, компири.

Доколку успеете да не ги внесувате овие производи кога ќе ја добиете желбата за никотин, а се одлучите за оние препорачаните, нема да накачите по некој килограм во текот на откажувањето од цигарите.