Како да ја зголемите енергија во текот на денот?

Сподели со своите пријатели

Џејмс Колинс, еден од најзначајните британски нутриционисти и автор на проектот „Енергетски план“ советува како можете да го зголемите нивото на енергијата во текот на денот.

Loading...

Вежбајте секојдневно

Обидете се да вежбате барем еднаш дневно. Ова може да вклучува фитнес програма во теретана или дури само излегување надвор и интензивно шетање. Најновото истражување покажало дека можете да имате ефикасен тренинг во само 13 минути, пренесува ВВС.

Прилагодете го внесувањето на калориите

Прилагодувањето на внесување на храна во различни денови, е осмислено, затоа што потребите на вашето тело варираат во зависност од тоа што правите. Поактивните денови, било на работа или во теретана ги зголемуваат вашите потреби за калории. Од друга страна, помалку активните денови бараат помалку „гориво“.

Стратешки внесувајте кофеин во организмот

Кофеинот може да ја подобри будноста и физички перформанси. Пиењето кафе 45 до 60 минути пред тренингот овозможува концентрацијата на коефинот во крвта да биде на врвот. Ефектите од делувањето на коефинот можат да бидат долготрајни, но можат да го попречуваат спиењето така да внесувањето треба да се намали подоцна во текот на денот.

Опоравување

Loading...

Квалитетниот сон во текот на ноќта е клучен за консолидација, паметење и учење, управување со тежината и регенерација на мускулите. Храната која содржи протеини (особено аминокиселина која се нарекува триптофан) може да го подобри сонот, додека енергетскиот дефицит (додека сте на диета) може да го намали квалитетот на сонот.

Испланирајте ги активностите за наредната недела

Одвојте 15 минути секоја седмица за да размислите за исхраната во текот на изминатите неколку седмици, т.е. да сумирате како генерално се чувствувате, дали се чувствувате поенергични, а потоа испланирајте ги активностите за седум дена однапред (што ќе јадете, кога ќе вежбате и слично).

Leave a Reply