Како да ги посетите природните убавини на Америка бесплатно?

Сподели со своите пријатели

Ако планирате да патувате во САД во 2020 година и да ги посетите прекрасните национални паркови, има неколку датуми кога приемот е бесплатен.

Loading...

Секоја година, Националната служба за паркови објавува неколку датуми кога посетите се бесплатни, што нормално чини помеѓу 5 и 35 долари за возило што влегува во областа на националниот парк.

Оваа година ќе има дури пет дена кога такси за влез нема да бидат наплатени и кога националните паркови како Јелоустоун, Џоземит, Бразос, Колорадо, пештерата Мамото и историскиот Национален парк Чако можат да бидат посетени бесплатно.

Првиот датум е Денот на Мартин Лутер Кинг 20 јануари, вториот е 18 април, што е првиот ден од Неделата на националните паркови, а 25 август е роденден на Националната служба за паркови.

И уште два датуми за оние кои ќе ги посетат природните убавини на Америка кон крајот на годината, 26 септември Национален ден на јавноста и 11-ти ноември Денот на ветераните.

Овој попуст се однесува на 111 национални паркови кои инаку наплаќаат влез, додека можете да ги посетите останатите 308 национални паркови во текот на целата година бесплатно.

За оние кои сакаат да посетат некои од националните паркови, а нема да можат да го сторат тоа во деновите кога приемот е бесплатен, сепак постои начин да се задржи цената значително пониска.

Пропусницата за американските природни убавини чини 80 долари, а доколку планирате да посетувате некои од националните паркови неколку пати годишно, билетите чинат помеѓу 35 и 70 долари.

Loading...

Leave a Reply