Како била дочекана 1962 година во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Весела новогодишна ноќ. Вечерва во градот се прелива во светлина и празничка облека. Сите хотели и фабрички ресторани свечено декорирани ги пречекаа трудбениците за да им пружат што попријатна ноќ.

Loading...

Во хотелот „Кристал“ е интимно. Луѓето се весели, насемани, радосни. Се пее и танцува. Се се радува. Се редат песна по песна, игра по игра, оро за оро.

Танц за новогодишната ноќ во Хотел „Кристал“

Во хотелот „Куманово, Домот на Југословенската народна армија е исто така весело, празнично расположението.

Трудбениците од Фабриката за рабни цевки „11 октомври“, Фабриката за амбалажа, за челви „ЧИК“ за трикотажа и конфекција „Киро Фетак“ и други, неовогодишната ноќ ја проведоа во своите фабрики, близу до своите машини.

Прослава во фабриката за чевли „ЧИК“

Loading...

Оваа година новогодишната ноќ помина многу весело. Луѓето, стари и млади, се веселеа, пееја, ја испраќаа старата година, радосни дека таа значела многу работни победи, многу нови постигнувања, многу повеќе материјални богатства и подобар живот.

Тие си ја честитаа Новата година. Со желби за нови успеси и лична среќа, за нови победи на сите полиња од нашата социјалистичка изградба.

Прослава во ресторанот на фабриката за трикотажа „Киро Фетак“

Мугрите јапробиваа темната ноќ. Граѓаните излегоа на улиците. Никому не му се одеше дома. Секој сакаше ова аноќ, новогидшната ноќ, да потрае што подолго, да потрае долго, долго, зашто таа беше весела и незаборавна.

Сончевиот превез ги златешти градските покриви, а улиците беа полни со свет. Веселите звуци на гајдата и тапаните го огласуваа почетокот на првиот ден од Новата година.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“

Извор: „Наш весник“ број 6 (понеделник, 15 јануари 1962. година)

Loading...

Leave a Reply