Кај патник во такси пронајдена марихуана, а тинејџер наведувал врсници да употребуваат дрога

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Х. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 08.06.2016 година во 21.50 часот во Куманово, на ул. „Доне Божинов“ од страна на полициски службеници сопрено е такси возило, во кое како сопатник бил пријавениот и кај кој, од извршениот преглед, е пронајдена 1,87 грама наркотична дрога марихуана.

Loading...

Во вториот случај СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.И. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични роги“. На 06.05.2016 година на ул. „Народна револуција“ во Куманово од страна на полициски службеници затекнати биле М.Ѓ. (20), Д.Р. (19) и М.П. (19), сите од Куманово, кои пријавениот ги наведувал на уживање наркотична дрога со запалена цигара-џоинт. При преглед на лицата, истата била пронајдена кај М.Ѓ.