Skip to content

Кафето и чајот го продолжуваат животот

Сподели со своите пријатели

За подолг живот, научниците нудат потрошувачка на кафе и чај. Излегува дека топлите пијалаци намалуваат соединенија во крвта кои ги зголемуваат воспаленијата и можат да предизвикаат кардиоваскуларни заболувања, соопшти Daily Mail.

Што се случува со нашиот организам кога пиеме кафе секој ден?

Loading...

Кофеинот, на кој се должи стимулирачкиот ефект од кафето и чајот, ги блокира штетните соединенија, тврдат научниците од Универзитетот Стенфорд.

Според нивните испитувања, обожавателите на кофеинови пијалоци имаат пониски нивоа на воспалителни соединенија во крвта.

“Повеќе од 90 проценти од сите незаразни болести на стареењето се поврзани со воспаление”, вели д-р Дејвид Фрман од тимот.

Пиењето кафе штити од рак на дебелото црево

Основните штетни хемикалии блокирани од кофеинот, се нарекувата интерлеукин-1-бета.

Друго соединение, карактеристично за чоколадото – теобромин, исто така, има анти-воспалителни својства, но не толку силни како кофеинот.

Деновиве друго истражување на британски научници од Универзитетот во Шефилд, пак доведе до заклучок дека оние кои сакаат да се долголетници, е добро да се воздржат од секс.

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.