Кафе Бар Трговски го слави четвртиот роденден

Сподели со своите пријатели

Целосно запуштен, мрачен, руиниран, преполн со отпад. Ваков беше изгледот на локалитетот Трговски, се до пред отворањето на кафе барот кој го носи истото име како и локалитетот во кој е сместен. Со многу енергија, љубов и ентузијазам, оваа идеја која започна како скромно кафе место за околните жители, денес претставува едно од омилените свратилишта на младите од целиот град. Започнувајќи со само неколку маси, младите сопственици на овој бар успејааа да внесат свежина во локалитетот Трговски, па така во благодетите од нивните заложби денес ужива целата населба. Храброста и истрајноста го донесоа своето, па така денес барот Трговски е место каде што свои настапи имаат некои од најеминентните имиња на локалната музичка сцена, како и цела плејада на локални диџеи. Од дневна кафе шема и дневни забави, па се до вечерни журки, постојано разубавувајќи го барот и ширејќи го својот асортиман на услуги, момците од Трговски покажаа дека локацијата не е пресудна за успехот, и дека со упорна работа, се е можно.

Loading...

Токму овој викенд барот Трговски го слави својот четврти роденден. По тој повод, Кафе Бар Трговски ве кани сите на својата роденденска прослава, која ќе се оддржи во недела, на 27 август. На забавата ќе започне во 21:00 часот, свој настап ќе има моментално најбараниот DJ во Македонија, Flooder. Aктивен на сцената повеќе од 20 години, со безброј настапи на балканот но и ширум Европа, DJ кој врти исклучиво винил, Flooder е aртист кој секогаш знае да ја анимира својата публика и да ја пренесе својата енергија. Локална поддршка ќе бидат Мамли и Симоновски, добро познати на домашната публика. Екипата на Кумановски Муабети му посакува среќен роденден на Бар Трговски, со желба за уште многу години успешна работа. Ние ќе бидеме таму со својот фотоапарат, Ве чекаме на дружба.