Кадетките на ЖРК Куманово стануваат Евро сила

Сподели со своите пријатели

Во својот прв настап надвор од Македонија во 2016 година, екипата на ЖРК Куманово составена од девојчиња родени  до 2000/2001 година настапуваа на еден од најпознатите европски турнири во оваа категорија во Бар, Црна Гора.

Девојките одиграа пет натпревари и постигнаа четирири победи до сега.

ЖРК Куманово – Окотоих Подгорица (Црна Гора) 27:25

ЖРК Куманово – Сарокометернас (Шведска) 16:14

ЖРК Куманово – Бар 29:27 (Црна Гора)

ЖРК Куманово – Бек 18:12 (Црна Гора)

ЖРК Куманово – Феникс 12:19 (Црна Гора)

13479413_10154205910517412_1857131381_n

Групната фаза ја завршија на делба на првото место. Полуфиналето се игра денеска, а тренерот на екипата Димитар Антевски на кратко изјави дека е задоволен од сите постигнувања како на индивидуален план така и на тимски план во екипата.

Во нашиот тим доминира Мила Трајковиќ со 42 гола на 5 натпревари, а голем придонес дадоа и Сара Цветановска со 15 гола и Јована Кипријановска со 11 гола.

Со оглед на тоа што тие првпат играат заедно и во оваа возрасна категорија на ваков силен турнир, задоволство е што на сите натпревари покажаа завидно ниво на борбеност – вели Антевски.

Искуството што го собираат сигурно ќе им биде добредојдено за во иднина, и заложбата на ЖРК Куманово е членовите на клубот постојано да имаат натпревари и надвор од државата со цел да се играат силни мечеви со различни противници.