Кадетките на ЖРК Куманово се шампионки на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките од кадетскиот состав на ЖРК Куманово го освија Ф4 турнирот, на кој беа домаќини, откако во финале го совладаа составот на Вардар Јуниор со 28:19.

Откако првично го совладаа составот на Стружанка и обезбедија пласман во финалето, пред преполната сала на СОУ „Перо Наков“, кумановки успешно дојдоа до титулата на купот. Веќе во првиот дел од средбата кумановки направија солидно водство, па остатокот од средбата само одржуваа предност и го освоија златото. Извонредна беше голманката Андријана Стојчевска која во првите 25 минути игра прими само три гола со што даде голем придонес за конечниот резултат.

Предноста им е што во своите редови имаат ракометарки кои настапуваат и во сениорскиот состав, а една од нив Мила Трајковиќ која е повиката во серниорската репрезентација на Македонија, на турнирот се закити со наградата најдобра ракометарка на оваа издание на Ф4.

Второто место на турнирот им останува на поразените ракометарки на Вардар Јуниор, додека третото место го доби тимот на Стружанка кој го совлада составот на Металург.

Куманковки им го исполнија срцето на своите сограѓани, а ова е само уште еден доказ дека од овој клуб ќе излезе иднината на македонскиот ракомет.

 

Loading...

Leave a Reply