01.09.2016 01:37

Кадетките на ЖРК Куманово на турнир во Смедерево


Во својот втор настап надвор од Македонија за 2016 година, екипата на Женскиот ракометен клуб Куманово составена од девојчиња родени  до 2000/2001 година како единствен претставник од нашата држава  настапуваа на силен европски турнир во оваа категорија во Смедерево, Србија.

Поканата за учество на меѓународниот ракометен турнир „Смедеревска есен“ ја добија благодарение на освоената вице-шампионска титула на државното првенство. Турнирот ќе се одржи од 2 до 4-ти септември. Нашиот тим настапува во група Б заедно со ХЦМ Олимпик од Романија, РК Бијело Поље од Црна Гора, Млади Радник од Србија и Рудар од Црна Гора.

Искуството што ќе го стекнат на овој турнир сигурно ќе им биде добредојдено за во иднина, и заложбата на ЖРК Куманово е членовите на клубот постојано да имаат натпревари и надвор од државата со цел да се играат силни мечеви со различни противници. На турнирот во Смедерево ќе атакуваме на што подобар пласман и достојно презентирање на нашиот клуб, град и држава – вели тренерот на екипата Димитар Антевски.

Инаку во јуни одличен настап имаа кадетките на ЖРК Куманово во Бар  каде што го освоија бронзениот медал, меѓутоа вреди да се спомене неверојатната Мила Трајковиќ која што беше прогласена за МВП на турнирот и успеа да ги наполни мрежите до врв на противничките тимови со над 60 голови.

Во играта давам се од себе не само за мојот личен успех туку и за успехот на мојот тим. Односно, колку што сме подобри како поединци толкку сме поблиску до подобар пласман. Она што мене ме мотивира е да се докажам на меѓународна сцена и да ми се отворат поголеми врати за успех”, вели Мила Трајковиќ.

Сите очи се вперени во играта на младите спортистки на Куманово во очекување дека ќе донесат нови успеси.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments