Јужноамериканските гуштери го рушат златното правило на еволуцијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дејмиен Ексер, истржаувач оа Австралискиот национален универзитет, инаку со потекло од Чиле, тврди дека дошол до историско откритие кое го руши „златното правило“ на еволуцијата според кое животинскиот вид не може да ја поврати карактерситиката која ја губи во текот на годините.

Loading...

Австралиската државна телевизија ABC објави на својот сајт приказна за контроверзното откритие на Ексер кое се однесува на јужноамериканските гуштери.

Се наведува дека гуштерите кои се разможувале со полагање јајца во текот на еволуцијата во новото живеалиште на студените врвови на Андите се претвориле во видови кои раѓаат потомци за да се прилагодат на новото опкружување.

Ексер тврди дека неколку видови од овие гуштери повторно се вратиле на изведување јајца кога научниците ги спуштиле во планинските врвови во потоплите предели.

– Инкубацијата на јајцата не била доволно добра на ниски температури, а на планинските врвови на Андите е многу студено. Положувањето јајца во такво опкружување не е исто, па тие волуирале така што започнале да раѓаат живи млади. Имаме силни докази кои укажуваат дека тие рееволуирале и дека положуват јајца кога повторно бе анаселени во потоплите предели, рекол Ескер.

Тој додава дека ниту еден цицач никогаш не рееволуирал положување јајца, но дека изгледа оти овие гуштери тоа го прават. Тој во научното списание „Еволушн“ објавил труд во кој наведува дека „преминувањето од носење јајца на раѓање живи младенчиња и повторно на носење јајца смета дека е исклучително ретко во еволуционата транзиција“.

Потсетува и дека според Дооловиот закон на неповратност исклучително е мала веројатноста дека еден вид ќе ја поврати карактеристиката која ја губи во текот на годините.

– На пример змиите ги изгубиле екстремитетите, па нивото рееволуирање би било малку веројатно или невозможно. Положувањето јајца спаѓа меѓу класичните примери на Дооловиот закон.

Loading...

Биолог од Унвиерзитетот во Мелбурн Оливер Грифит, кому специјалност му е размножувањето гуштери, порачува дека треба да се биде внимателен во врска со откритието на Ескере.

– Потребно е да направиме дополнителни експерименти пред да искажеме такви револуцониерни тврдења, рекол Грифит.

Leave a Reply