Јужниот пол последните 30 години се загрева тројно побрзо од остатокот од светот

Сподели со своите пријатели

Новата студија објавена во списанието „Nature Climate Change“ на 29 јуни откри дека Јужниот пол се загрева три пати побрзо од светскиот просек во последните 30 години.

Loading...

Истражувачите велат дека природните процеси се водечка причина за овој пораст на температурата, но и дека климатските промени предизвикани од човечки активности значително придонеле за тоа.

Климатските промени водат кон недостаток на пчели

Јужниот пол е едно од најстудените места на планетата со просечна температура од -49 степени Целзиусови. Претходните истражувања покажаа дека платото на Антарктикот е едно од ретките места на планетата што се оладило додека остатокот од светот се затоплува заради климатските промени, но тоа веќе не е случај.

Во последните 30 години, Јужниот пол се загреваше за 0,6 степени Целзиусови за една деценија, што го прави едно од најбрзите места за затоплување на планетата. Сепак, важно е да се истакне дека затоплувањето во Антарктикот не е униформно и дека Јужниот пол се затоплува многу побрзо од остатокот на континентот.

Четвртина од светското население ќе ги напушти домовите поради климатските промени

Највисокото ниво на затоплување е забележано во 21 век, а 2018 година беше најтопла година досега регистрирана на овој континент.

Главната причина за затоплувањето е невообичаено пријатната температура на океаните во тропскиот западен Пацифик, која е поврзана со природен феномен наречен „меѓудецениска Пацифичка осцилација“.

Loading...

Водечкиот истражувач на оваа студија, Кајл Клем од универзитетот Викторија во Велингтон (Нов Зеланд), за „Carbon Brief“ вели дека климатските промени многу сигурно имаат улога во големото покачување на температурата на Јужниот пол, но дека тоа не е доминантна причина.

Црвените јаболка полека исчезнуваат, виновник се климатските промени

Во исто време, забрзаното топење на мразот е забележано во западниот дел на Антарктикот последниве години на места каде континенталните ледници доаѓаат во контакт со топол океан.

Ова топење може да предизвика нестабилност на ледените плочи на Антарктикот и, следствено, забрзано покачување на нивото на морето.

Leave a Reply